Поскапувња: Од утре повисоки цени на бензинот, цигарите и струјата
Данокот и акцизата учествуваат во структурата на малопродажната цена на цигарите со 75 отсто.
„Токму затоа, може да се очекува да се зголемат цените на цигарите. Сепак, акцизите не се единствениот фактор во формирањето на цените. Голема улога има и конкуренцијата, која е силна на македонскиот тутунски пазар. На овој пазар сме присутни долги години и имаме намера да го развиваме и понатаму и нема да дозволиме царинските ограничувања да не оневозможат во работењето и нашата стабилност на овој или на кој било друг пазар во регионот – истакнал Мато Задро, претседател на Управата на хрватскиот тутунски производител ТДР.
Колку ќе се зголеми цената на струјата треба утре да соопшти Регулаторната комисија за енергетика, која ги заврши пресметките за корекција на цената, според доставените извештаи на енергетските компании. Според неофицијални информации, електричната енергија за домаќинствата ќе биде поскапа за околу 3,5 отсто, бидејќи енергетските компании, ЕВН Македонија, ЕЛЕМ и МЕПСО прикажале зголемени трошоци и инвестиции во работењето. Па, зависно од нивната висина и од оправданоста што ќе ја утврди Регулаторна, ќе биде определен и процентот на корекција на досегашната цена.
Денеска, Регулаторната комисија треба да ги соопшти и новите цени на горивата, кои се очекува да бидат повисоки. Пред две недели цената на бензините беше зголемена за 0,5 денари, додека цените кај дизелот останаа непроменети. Но, со оглед на тоа што цената на нафтата на светските берзи во последните недели растеше, пред се’ поради војната во Ирак, се очекува тоа да се рефлектира и врз зголемување на цените на нафтените деривати во земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа