Куманово: Сириец претепал Пакистанец откако со измама му земал 1.500 евра
24-годишен Пакистанец заработи кривична пријава поради криумчарење мигранти.
Се работи за 24-годишниот М.Ш кој во текот на месецов по претходен договор со А.Б од Сирија, да го пренесе преку македонско-српската граница, а од таму да му организира транспорт до Шведска, му земал 1.500 евра, но не го сторил ветеното.
Потоа, започнал тепачка со Сириецот при што бил физички нападнат.