„Алкалоид“ го надгради SAP системот со светски водечко решение за управување со човечките ресурси

 

„Алкалоид“ го надгради својот корпоративен систем со едно од најкомплексните и водечки решенија за управување со човечки ресурси во светски рамки, со цел подигнување на нивото на безбедност и здравје при работа и унапредување на професионалниот развој на вработените, синхронизирајќи ги целокупните веќепостоечки бази на податоци.

Конкретно, постоечкиот SAP ERPсистем - Enterprise Resource Planning(брендиран од страна на „Алкалоид“ под името AlkaSAP), кој претставува систем за целосно управување со базите на податоци на компанијата, е надграден во деловите: организациски менаџмент, персонална администрација, персонален и развој на вработените, менаџирање на професионални обуки и настани, безбедност и здравје при работа и менаџирање на патувања.

Иако станува збор за еден од посложените проекти од овој тип, тимот на „Алкалоид“ успеа да го реализира за мошне краток период од 6 месеци, имплементирајќи ги во целост сите 5 фази од истиот.

Согласно стратегијата за инвестирање во напредна технологија, која „Алкалоид“ ја негува речиси осум децении, овој чекор претставува огромен напредок во процесот на создавање додадена вредност од страна на компанијата, за задржување на водечката позиција на македонскиот пазар и уште поуспешен глобален настап.

 

Во таа насока, според долгорочниот стратешки план, „Алкалоид“ во следниот период ќе го имплементира AlkaSAP решението во уште неколку свои претставништва во странство.

01.07.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега