Министерството за финансии исплати 124,8 милиони денари за житни и индустриски култури

 

Министерството за финансии денеска исплати 124,8 милиони денари за субвенции за производство на полјоделски култури.

Станува збор за 4.889 земјоделци кои одгледуваат житни и индустриски култури. Висината на мерката изнесува 9.000 денари по хектар обработена површина.

Со истекот на забраната за исплата на субвенции заклучно формирање нова влада согласно Изборниот законик, Министерството за финансии продолжува со исплата на субвенциите. Наша цел е брза и уредна исплата на субвенциите на земјоделците како поддршка на една од носечките гранки на стопанството-земјоделието. 

01.07.2014 - 15:52
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега