УСАИД го одбележи проширувањето на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“

 

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска го одбележи проширувањето на иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка во Пелагонија каде годинава донираше 35 системи за наводнување капка по капка за пченка. Заменик директорот за економски и политички прашања на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Рајан Стонер, свечено вклучи еден од новите 35 системи капка по капка на полето со пченка на Илчо Даскалоски во близина на село Мало Коњари.

Земјоделците од Полог и Пелагонија кои учествуваа во иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка” во 2013 ги зголемија своите приноси на пченка во зрно и силажа за повеќе од 50 проценти.

Некои од земјоделците постигнаа дури 17 тони зрно по хектар и 112 тони силажа по хектар. Со поддршката од земјоделците во Пелагонија кои се придружија на нашата иницијатива оваа година, имаме намера да ги надминеме и овие резултати во 2014рече Стонер. Ги покануваме сите земјоделци и млекари да ни се придружат во оваа иницијатива преку учењето за најдобрите земјоделски пракси и инвестирањето во оваа нова технологија.

На настанот присуствуваа градоначалниците од пелагонискиот регион, претставници од АПРЗ и ФФРМ, претставници од млекарите Битолска Млекара и Идеал Шипка, како и земјоделци и сточари од регионот.

Во 2013 Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка” за повеќе од 50%. Затоа што пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат 4 пати повеќе крави со истата површина на пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Македонија да станат поконкурентни, попрофитабилни и поодржливи.

 

 

02.07.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега