„Имам идеја за бизнис сега што?“

 

„Имам идеја за бизнис, сега што?“ - Ова е насловот на првата од двете работилници кои ќе се одржат денеска во Скопје. Работилниците се посветени на претприемништвото и на неа ќе говорат Мади Шарма, претприемач, и нејзиниот тим.

Мади Шарма е жена- претприемач, која ја основа, инспирира и мотивира МАДИ Груп, групација на меѓународни приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.

За своето глобално делување, Мади Шарма има добиено повеќе признанија меѓу кои Achievement и UK Best Boss, а британската Влада ја именуваше и за свој претставник во Европската економска и социјална комисија.

Годинава за неа е снимен и документарниот филм, кој наскоро треба да премиерно да биде прикажан.

Еднонеделната работна посета на Македонија, Мади Шарма ќе ја искористи и за низа средби со бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел да ги запознае со нејзината нова инвестиција во Македонија, Бизнис Комплексот КоСид кој треба дa започне со работа восептември годинава. 

03.07.2014 - 09:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега