Направете си вкусни медени топчиња
Направете вкусен домашен десерт, еве што ви е потребно за медени топчиња
Состојки:
400 грама брашно
малку сол
2 лажички шеќер
2 лажици квасец
500 милилитри млеко
Масло за пржење
Мед за прелив
Подготовка:
Во поголем сад сипете го брашното. Додадете ги состојките и изматете ги со миксер за да добие хомогена маса. Покријте го садот и остајте тестотот да нарасне. Со мокра рака од тестото направете топчиња. Со лажица земете ги топчињата и ставете ги во врело масло. Пржете ги од двете страни за да добијат убава боја. Пржените топчиња вадете ги на страна и ставете ги на хартија за да се исцедат од маслото. префрлете ги во длабок сад и прелијте ги со мед.
Имајте убав апетит!
Извор: Хитпортал
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа