Посни мафини со фил од ореви
Направете домашни слатки мафини...
1. Сите состојки, освен чоколадата ги мешаме, сакате со рачна маталка, сакате со миксер, по желба.
2. Калапите за мафини ги намрсуваме и набрашнуваме или пак директно во корпи за мафини ја истураме смесата. Јас ги користев двата начина.
3. Во секое ставаме по половина коцка чоколадо, при што само го пуштаме во пандишпанот (ова го правите по желба).
4. Ги ставаме на печење на 180-200 степени, околу половина час. Бидејќи сите имаме различни типови на рерни, преферирам да пробате дали се печени со помош на чепкалка.
5. За подготовка на филот ги ставаме водата и шеќерот да почнат да вријат, па ги ставаме мелените ореви. Промешуваме да се врзе целата смеса, кратко, десетици секунди. На крај го додаваме мармаладот, а чоколадото го додаваме кога ќе го тргнеме филот од оган, ама со мешање, за да се стопи. Оставаме да се лади.
6. Полниме шприц со филот и декорираме.
Шољата што ќе ја користите во рецептот ја бирате по желба.
Извор: Мои рецепти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа