Викендов нема да се вози по булеварот „Гологанов“ во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во сабота и недела на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ , на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“, сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставен режим.

Времениот режим е поставен поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, во период од 07.00 – 17.00 часот, во посочените денови.

-Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај, велат од Град Скопје.

 

 

04.07.2014 - 12:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега