Македонија чува скоро 7 тони злато во резерва

 

Република Македонија го зазема 77. место во светот на листата со 100 земји рангирани според количеството резерви на злато, која ја прави Светскиот совет за злато, објави Дневник.

Лани државните резерви во злато останале исти и изнесуваат 6,8 тони и опфаќаат 11,1 отсто од вкупните резерви на земјава. Од земјите во регионот меѓу топ-100 земји со најмногу резерви на злато се Грција, на 33. со 112,2 тони златни резерви, Романија, на 35. место со 103,7 тони злато, а Бугарија е на 48. место со 40 тони злато.

Следуваат Србија, на 62. место со 16,6 тони златни резерви, Словенија на 90. место со 3,2 тони, Босна и Херцеговина на 93. место со 3 тони и Албанија на 99. со 1,6 тон. На листата ги нема Хрватска и Црна Гора.

Kако и претходните години, првите десетина места не се променети. Земји најбогати со златни резерви се САД, Германија, Италија, Франција и Kина. Меѓу финансиските институции најмногу злато има Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Извор / Дневник

04.07.2014 - 13:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега