До мај годинава извозот 1,946 милијарди долари
В
купната вредност на извозот од Република Македонија во периодот јануари - мај годинава е 1,946 милијарди долари и бележи раст од 18,5 проценти, а на увозот 2,976 милијарди долари, со забележан раст од 11,8 проценти. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 65,4 отсто, додека трговскиот дефицит 1,030 милијарди долари, соопштува Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, трговската размена по производи покажува дека од Македонија најмногу се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.
Најмногу се увезува суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари - мај 2014 година во извозот најмногу учествувале земјите-членки на ЕУ со 78,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 13,5 проценти, а во увозот земјите-членки на ЕУ со 64,4.
Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. На овие земји отпаѓаат вкупно 52,7 отсто од вкупната размена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа