Навалете скопјани: Бесплатен фитнес на кеј!

Град Скопје, во соработка со велнес тренерите од здружението на граѓани Студио Актива,  со цел подобрување на здравствената состојба на граѓаните на Скопје, како и воведување нова рекреативна содржина во Скопје, на кејот на реката Вардар, ја продолжува  релизацијата  на  проектот „Бесплатен фитнес за граѓаните на Скопје“ под мотото „Вежбаме, здрави сме“.

Само денеска на 04.07.2014 година (петок), вежбањето ќе се одржи во Градски парк партер 1 - на просторот пред Школка, додека редовните термини во иднина ќе бидат два пати во неделата секоја среда и сабота со почеток од 18:30 часот, на Градската плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани на Скопје, во дадените термини, бесплатно ќе можат да вежбаат фитнес, зумба, аеробик и милитари тренинг на кејот до ракометарското игралиште на песок при Градска плажа „Парк“.

04.07.2014 - 14:55
Фото: 
А1Он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега