Економијата закрепнува: Раст на македонскиот извоз за 18%
Ивзозот во првите пет месеци до годинава порасна за 18 проценти, во споредба со лани. Од јануари до мај од макеоднските компании во странство пласирани стоки во вредност од речиси 2 милијарди долари. Само во мај, извозот е зголемен за 27 отсто. Раст од 11, 8 проценти е регистриран и кај увозот. Според статистиката, макеоднските компаниите увезле суровини и материјали во вредност од 3 милијарди долари.
Бројките ги покажуваат ефектите од опоравувањето и на нашата и на европската економија- каде во првите пет месеци од годинава се продале 80 проценти од вкупното производство во земјава. Според статистиката слободните економски зони и текстилните компании се оние кои најмногу придонесуваат за зголемување на извозот. Најмногу се извезуваат катализатори, производите од железо или челик и облека. Најмногу се увезувале енергенси- сурова нафтам, платина, легури, електрична енергија
Во првите пет месеци од годинава, споредено си истиот период лани, трговската размена со странство пораснла за 14,4 проценти, само во мај има зголемување од 20 отсто.
Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа