Стартува снимањето на филмот „Шишка де лукс“

Во депото на Македонски железници (на улица „Трета македонска бригада 66, зад Американ колеџ), денеска напладне ќе се снима  филмот „Шишка де лукс”, соопшти продукцијата „Кино око“.

Филмот е словенечко-македонско-чешка копродукција, по сценарио и режија на Јан Цвиткович, финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Улогите ги толкуваат: Жига Фодрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски, Андријана Бошкоска-Батич... Во екипата од Македонија се сценографот Иван Бартлинг, костимографот Жаклина Крстевска и Горан Игњатовски - шминкер/маскер. Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око“.

05.07.2014 - 10:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега