Грант од ЕБОР за компанијата СЕЕ ЛИНК
Компанијата СЕЕ ЛИНК ДОО Скопје, која ја основаа Бугарската, Загрепската и Македонската берза во мај годинава, денеска во Скопје ќе потпише договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на овој регионален проект.
Средствата од фондовите што ќе ги обезбеди грантот на ЕБОР ќе придонесат за успешна реализација на овој проект што ќе им го олесни пристапот на инвеститорите до регионалните пазари и ќе придонесе за зголемување на визибилноста на берзите - учеснички во проектот и хартиите од вредност кои се тргуваат на нив.
Бугарската, Загрепската и Македонската берза ја основаа компанијата СЕЕ ЛИНК ДОО Скопјем со цел креирање на соодветна заедничка платформа за тргување со акциите што котираат на овие берзи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа