Си ги убил братот и сопругата па сам си пресудил - крвава ноќ во Тирана
Вистински хорор ја потресе Албанија. Синоќа се случило трикратно убиство во фамилија во селото Грете општина Пез Хелме кај Тирана откако шеесетгодишен маж најпрво си го застрелал братот, потоа сопствената сопругата, по што решил и самиот да си го одземе животот.
Се работи за 60-годишниот Ферит Колѓини кој по расправијa го застрелал својот пет години помлад брат Рамадан Колѓини, а потоа и сопствената сопруга Султане Колѓини (50) по што сам си пресудил. Причините и мотивите се уште се напознати.
Полициски извори потврдуваат дека се испитува и можноста во нив да пукало четврто лице, поради фактот што биле раскарани со друга фамилија од Кукс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа