Делови од Скопје утре без струја

Корисниците од улицата „Прашка“ бр.13 утре од 8.30 до 11.30 часот ќе бидат без електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ во селото Мирковци и дел од корисниците од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во Шуто Оризари.

Во периодот од 10.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Љубин, како и објектите на месарницата „Вилан“ и фабриката „Ука“ во Сарај.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините се технички зафати во електросистемот. 

07.07.2014 - 16:01
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега