Која македонска компанија ќе произведува брендирано слатко?

Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ и Skopje Design Week, денеска ќе ја претстават компанијата - производител на слатко од земјава, за која ќе биде изготвен првиот проект за брендирање на автентични национални производи.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и Скопје Дизајн вик, во соработка со Македонската Асоцијација на Преработувачи (МАП) на 20.јуни ги објавија критериумите за домашните производители кои ќе можат да учествуваат во проектот за брендирање на македонското слатко.

Проектот предвидуваше избор на една македонска компанија – производител на слатко за која млади дизајнери од земјава ќе изготват идеен проект за брендирање на производ или серија производи кои компанијата планира да ги лансира на пазарот или веќе ги има во својот асортиман.

Услов за учество во проектот беше компаниите требаше да имаат седиште, производство и пласман во Република Македонија, да се компанија со доминантен домашен капитал, во својот производствен асортиман да имаат производ – слатко за чие производство користат суровина – овошје од претежно домашно производство и да бидат подготвени да ги имплементираат идејните решенија за новиот бренд со тоа што производот или серијата производи ќе ги направат достапни за потрошувачите преку домашната малопродажна мрежа, како и можност за извоз на странските пазари.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и Скопје Дизајн Вик во текот на месецов треба да објави и отворен повик за млади дизајнери кои треба да изработат идејни решенија за брендирање на автентично „Слатко од Македонија“.

Целта на проектот е поттикнување на креативниот потенцијал на младите во функција на економскиот развој на земјата, преку брендирање на автентични национални производи. 

08.07.2014 - 08:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега