Утре ќе врие полиција во „Капитол Мол“

Утре, со почеток во 11:00 часот во трговскиот центар „Капитол Мол“ во соработка со полициската станица „Аеродром“ ќе се промовира реализацијата на проектот „Превенција од имотни деликти“.

-Проектот опфаќа активности на кои компетентни лица од МВР во текот на цело лето ќе ги информираат граѓаните за подобрување на безбедносната состојба на територијата на Општина Аеродром, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, како и соработка и доверба во полицијата, стои во денешното соопштение од Општина Аеродром.

08.07.2014 - 10:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега