Еве колкави се штетите од поплавите во Србија
Директната штета од катастрофалните поплави кои неодамна ја погодија Србија изнесуваат 810,1 милиони евра, додека губитоците изнесуваат 661,9 милиони евра. Ова се наведува во официјалниот извештај за проценката на штетата од поплавите кој го усвои Владата на Србија, а кој ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел на 16 јули.
Голема штета и губитоци се регистрирани во земјоделството 107,9 милиони евра, односно 120,1 милион евра, а потоа следуваат трговијата со штета од 169,6 милиони и губитоци од 55, 2 милиони евра.
Потпретседателот на српската Влада Зорана Михајловиќ вели дека извештајот ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел и оти тоа ќе биде можност сите заинтересирани да помогнат.
- Веќе имаме донатори и во овие два месеца и донаторски пари. Тука, сосем сигурно, се и парите од кредитот, кои ќе се пренасочат за поитни проекти за патната и железничката инфраструктура, изјави Михајловиќ за Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа