Средба на тимовите за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина
Денеска за првпат ќе се сретнат тимовите за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина во Брисел.
Белградскиот тим го предводи шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија Александар Вулин, кој е и претседател на Одборот за импелементација на договорот кој на 19 април беше потпишан во Брисел.
Премиерот на Србија Ивица Дачиќ вчера во ЕП изјави дека бриселскиот договор ќе биде во целост спроведен, а рокот за постигнување финален договор за струјата и телефонијата – до средината на јуни.