Саем за работа во Скопје

 

Во Скопје денеска ќе се одржи Саем за работа, чиј домаќин е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

Според најавите, на саемот ќе се претстави и компанија од САД, која планира да отвори свое претставништво во Македонија.

Компанијата е мултинационален контакт центар со 12.000 вработени и планира да отвори 2.000 вработувања во Македонија, кои ќе обезбедуваат грижа и техничка поддршка на големи компании од САД. Идните вработени ќе поминат платена обука која ќе трае осум до 10 недели со цел да ги научат основните вештини за грижа на корисници и ќе им бидат понудени специфични тренинзи за продуктите на клиентите.

Претставништвото во земјава ќе работи на поддршка на корисниците во САД, со работно време адаптирано на клиентите во САД.

09.07.2014 - 09:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега