Дојде денот за кој сите зборуваа - денеска се жени Ѓоковиќ!

 

Дојде и оној ден за кој сите зборуваа. Денеска најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го каже судбоносното ДА со својата долгогодишна девојка Јелена со која го очекуваат и првото дете.

Како што дознава српскиот Курир, ништо не е оставено на случајноста кога се работи за свадбата која предизвика неверојатен интерес кај цел Балкан. Свадбената церемонија ќе трае два дена на Свети Стефан, а во холивудски стил, гостите ќе седат на златни столици. Ваква венчавка имаа многу познати личности меѓу кои и Ким Кардашијан.

Новак и Јелена ќе седат на округла маса со кумовите, а на средина ќе има дрво старо 100 години. Сите останати 150 маси ќе бидат украсени со дрва кои ја симболизираат љубовта.

 

 

09.07.2014 - 09:37
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега