Куба бара инвестиции од Македонија

 

Вонредната амбасадорка на Република Куба за Република Македонија, при проштална средба во земјава оствари посета и на Стопанската комора на Македонија, јавува Канал 5.

Според информациите од Стопанската комора, амбасадорката Тересита Капоте Камачо информирала дека неодамна биле донесени измени во законот за привлекување на странски инвеститори во Куба, кои треба да овозможат оваа земја да стане поатрактивна за инвеститорите и итно да го привлече неопходниот капитал од странство.

Измените предвидуваат и даночни олеснување за сите странски, па и македонски инвеститори, соопштуваат од Стопанската комора на Македонија.

 

09.07.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега