Невремето во Софија испрати во болница 40 лица - момче итно оперирано
Најмалку 40 лица биле повредени во синоќешното невреме во Софија. Gрадот кој непрекинато врнел, повредил 40 лица и тоа во пределот на главата, лицето и меките ткива.
Најголемиот дел од нив се задржани во болница, а дел од нив се пуштени и на домашно лекување.
Со најголема повреда се здобил едно 28-годишно момче, кое било задржано на операција поради повреди на раката и тетивата, добиени од скршено стакло.
09.07.2014 - 12:50
Фото:
нетпрес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа