Еве колку одобренија за градење биле издадени во мај
Во мај годинава во Македонија се издадени 194 одобренија за градење што е за 7,2 проценти помалку во однос на мај лани. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.849.517.000 денари, што е за 236,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (71,7 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 27 (13,9 проценти) за нискоградба и 28 (14,4 проценти) за реконструкција.
Од вкупно 194 објекти, на 150 (77,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (22,7 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 504 станови со вкупна корисна површина од 43.765 метри квадратни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа