Косово остана без министерка за евроинтеграции

 

Министерот за европски интеграции на Косово, Вљора Читаку поднесе оставка на министерската должност, како и на функцијата пратеник, на која беше избрана како кандидат на Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи.

Како што објави приштинскиот весник „Експрес“, сега со ресорот за европски интеграции ќе раководи досегашниот заменик-министер Гзим Касаполи.

Читаку не ги објави причините поради кои ги напушти функциите, но според „Експрес“, постои можност таа да биде именувана за генерален конзул на Косово во Њујорк.

09.07.2014 - 18:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега