Трагедија во Битола: Работник загина при пад од станбена зграда
Битолчанецот Никола К. роден 1970 година, попладнево го загуби животот при пад од станбен објект во кој бил ангажиран како градежен работник.
- Веднаш по дојавата за несреќен случај во населбата „Областа“, испративме стручни екипи, а на местото на настанот пристигнаа медицински лица и истражен судија. Смртта на Никола К. (1970 г.) од Битола е констатирана на лице место, а се случи пред една од зградите во населбата, информираа од СВР-Битола.
Во моментов се врши обдукција по наредба на истражен судија.
10.07.2014 - 17:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа