Се ожени Новак Ѓоковиќ
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ. Целата свеченост траела само трисетина минути. Почнала во 18 часот и траела до 18: 30. Претходно свадбата беше одложена поради дождот кој паѓаше во Свети Стефан.
Сега следува свадбата, а венчавката во црква ќе биде во сабота на 12 јули.
Честитки до младоженците.
10.07.2014 - 19:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа