Не заминувајте на одмор без овие лекови!

Сите знаеме дека можат да се случат различни непријатности за време на летните одмори, па затоа не заминувајте без овие лекови.

Порталот zdravstvo24.mk пишува дека во мини аптеката задолжително мора да имате лекови против болка и висока температура во форма на таблети, гелови , сирупи како и супозитории за деца и како и анти-гадење апчиња.

Исто така и алкохол за испирање на рани, антибиотици и стерилна газа, завои и фластери.Против убоди и каснувања од инсекти не заминувајте без гелови за црвенило, оток и чешање на местото на убод.

Овие препарати можат да ви послужат и кај алергиски реакции од сонцето, печење од медузи или некои црвенило на кожата.

Течни електролити, пробиотици и активен медицински јаглен мора да бидат во багажот бидејќи тие ќе ви помогнат при проблеми со цревата.

Климатските промени и постојано капење може да доведат до инфекции на увото, па капки за уво мора д аимате во мини аптеката. Додека ставате капки во уво, со назален спреј мора да го чистите и носот за да се ослободи притисокот на болното уво. Поради климата и солената вода може да дојде и до оштетување на очите и нивно сушење. Затоа носете и капки за очи, пишува zdravstvo24.mk.

11.07.2014 - 10:14
Фото: 
новатв
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега