„Тројката“ ја притисна Грција

 

Претставниците на тројката меѓународни кредитори изразиле големо незадоволство од наводните намери на грчката Влада да преговара за мерките за даночни олеснувања.

За време на вчерашниот состанокот меѓу министерот за финансии Гикас Хардувелис и претставниците на „тројката“, тие изразиле големо незадоволство од извештаите во медиумите дека Владата планира да преговара за мерките за даночни олеснувања. Тоа беше прва официјална средба на Хардувелис со „тројката“, а состанокот траеше два часа.

Претставници на „тројката“ ја фокусирале дискусијата на 15 одделни прашања, вклучувајќи го и вонредниот данок на „солидарен придонес“ и гласините дека Владата планира да го намали или дури и да го укине.

Покрај ова, големо време било посветено и на фискалните празнини, создадени од страна на некои најнови судски одлуки за „посебни јавни плати“ во врска со униформираните лица, судиите и други професии, како и доцнењата во исполнувањето на обврските од меморандумот за помош, делумно објаснети и со европските избори.

Според официјални претставници на Министерството за финансии, „постои многу голем пакет од околу 600 обврски од меморандумот, за периодот април-јуни“.

Грчката страна се обидува да ја убеди „тројката“ дека Владата има план за да го забрза исполнувањето на обврските од меморандумот. Меѓунаордните кредитори биле задоволни со развојот на настните за „мала ДЕИ“, откако законот беше одобрен од страна на Парламентот.

Претставниците на „тројката“денеска во Министерството за финансии ќе се сретнат со министерот за труд Јанис Вруцис, министерот за здравство Макис Воридис и министерот за развој Никос Дендиас.

11.07.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега