Земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Грција.
Земјотресот, кој се случи околу 13 часот по локално време, најмногу беше почувствуван во Халкида и Еретриа, а ги стресе и жителите на Атина.
Нема пријавени повредени луѓе, ниту поголема материјална штета. Според Атинскиот иниститут за геодинамика, епицентарот на потресот бил во градот Халкида на островот Евиа, 54 километри северно од Атина, на длабочина од пет километри.
11.07.2014 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа