Пониски цените на производителите на индустриските производи

 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни се пониски за 0,2 проценти на месечно, односно за 0,7 проценти на годишно ниво. СПоред податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во споредба со мај продажните цени се пониски во групите Енергија и во Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 проценти, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка индексите се на исто ниво.

За разлика од јуни 2013 година, продажните цени се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 проценти. покажуваат податоците на Статистика.

11.07.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега