Намалена продажбата на земјоделски производи

 

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во мај 2014 година изнесува 760.096.000 денари што претставува намалување за 17,7 отсто во споредба со истиот месец лани.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 13,8 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата за 21,4 отсто.

Од друга страна, намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и добитокот, додека зголемување кај индустриските растенија, живината, јајцата, млекото, млечните производи и рибата, покажуваат податоците на Статистика.

11.07.2014 - 14:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега