Црна Гора праќа амбасадор во Приштина

 Црна Гора наскоро би можела да испрати свој амбасадор во Косово, а според информациите, Радован Милјаниќ, кој одамна се споменува како црногорски амбасадор во Приштина, веќе почна да обиколува разни институции во Црна Гора пред заминувањето во Косово.

Милјаниќ, кој студирал во Приштина, е долгогодишен новинар. Беше и генерален директор на Радио-телевизија Црна Гора.

Косовскиот Парламент повеќепати најави дека на Црногорците ќе им даде статус на признаено малцинство во текот на оваа година. 

најчитано сега