Низ Белград се појавија плакати за поддршка на Ратко Младиќ

 

Плакати за поддршка на Ратко Младиќ, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, се појавија денеска на одделни места во Белград, на денот кога се одбележуваат 19 години од масакрот во Сребреница.

Плакати со ликот на Младиќ, на кои пишува: „Генерале, благодариме за Сребреница!“ биле залепени низ главната улица „Кнез Михајлова“, на автобуски постројки и подземни премини.

За време на војната во БиХ во 90-тите години, Ратко Младиќ беше командант на босанско српската армија. Под негова команда босанско српските сили ја зазедоа Сребреница и убија 8.000 муслимански мажи и момчиња. 

11.07.2014 - 20:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега