Несреќа на фестивалот Егзит

 

22- годишно годишно момче е повредено рано утрово, откако паднал од Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Несреќата се случила кога момчето обидувајќи се да ја прескокне оградата и без карта да влезе на фестивалот Егзит паднало .

 

Момчето се здобило со тешки повреди на скочниот зглоб. Новосадската полиција соопштила дека во текот на вториот ден од фестивалот „Егзит 14“, на кој присуствувале околу 40.000 посетители немало пријавено прекршување на законот за ред и мир или продавање на наркотични средства но вчера околу 13:30 часот две лица му се заканиле со нож на 24-годишен романски државјани и му одзеле 5.000 динари, 2.000 леи и мобилен телефон.

12.07.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега