Запленити 260 килограми марихуана во Албанија

 

Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро во рамки на акцијата „Еринди“,заплени 260 килограми марихуана.

Дрогата била пакувана во 24 големи вреќи и транспортирана со комби возило. Кога забележал дека го следи полицијата, возачот, ја зголемил брзината и се обидел да побегне по спореден пат но се удрил во портата на една куќа, по што го напуштил возилото и се дал во бегство.

Според податоците од полицијата, комбито тргнало од околината на селото Лазарат, јави дописникот на МИА од Тирана.

Само неколку часа претходно полицијата пронајде марихуана но во помала количина, околу 60 килограми,  исто така во комби возило, скриена под седиштата. Уапсен е 23-годишен жител на Валона.

Полицијата се сомнева дека жителите од ова подрачје, пред таа да влезе во селото, дел од марихуната успеале да засолнат во планиснките предели.

Инаку, во едномесечната акција во ова село уништени се над 85 тони марихуана и околу 150 илјади стебла и садници од ова наркотично растение

13.07.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега