Вистински спектакл: Две двојки се венчаа на Галичка свадб

Две двојки, Стефан Куковски и Маргарита Ивановска и Иван Сареивски и Ана Гареска, денеска се венчаа во црквата Св. Петар и Павле во Галичник. Со нивното венчавање, заврши 41. издание на манифестацијата Галичка Свадба.

Домашните обичаи. годинава се изведуваа на две места, со две тајфи сватови и музика.

Свадбените обичаи стартуваа синоќа со китењето на бајракот и носењето на невестите на вода, а продолжија утрово со канење на мртвите, кумот и најблиските.

Посетителите на оваа уникатна манифестација имаат можност да се запознаат околу 30-тина свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај од кои повеќето и денес се изведуваат на македонските свадби.

Пред чешмата Упија и низ селските сокаци и оваа година можеа да се видат раскошните носии, а со звуците на дебарските мајстори на тапанот и зурлата, беа изиграни ората: тешкото, невестинско, свекрвино...

Со оваа двојна свадба, велат од месната заедница Галиччник, се испраќа порака до младите парови: да има што повеќе венчавки и повеќедетни семејства во Македонија, онака како што пред многу години во Галичник, на Петровден се правеле и по педесетина свадби, така и сега да се врати традицијата и да има повеќе венчавки.

Оваа година, тројца од четворицата младенци потекнуваат од Галичник. Ана Гареска и Иван Сариевски се по потекло галичани и претходно биле учесници во сватовските свити.

- Огромна цест и задоволство е да се прави Галичка свадба, зошто тоа е начинот на кој нашите предци ја крунисувале својата љубов. Чувството е неповторливо. Тоа е еден вид на сплотување на минатото и на сегашноста, вели Гареска.

Ана и Иван, кој е внук на славниот македонски пејач Александар Сариевски, се во врска две години, но, се познаваат повеќе од една деценија.

Маргарита, пак, втората невеста е битолчанка, но, вели дека се чувствува како Галичанка.

- Јас и Стефан се запознавме во Скопје, но нашата љубов се разви во Галичник. Затоа сакам ова место да го направиме храм на љубовта. Веќе се чувстувам како Галичанка, вели Ивановска. Таа и галичанецот Стефан, се две години во врска. 

13.07.2014 - 14:41
Фото: 
MkNews
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега