Две тела пронајдени во комби - ја убил сопругата па се самоубил
Маж на возраст од 49 години и неговата 42 годишна жена, вчера вечерта се пронајдени мртви во нивното комби возило во близина на Чачак, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на официјални извори, најверојатно станува збор за убиство и самоубиство. Мажот највероајтно ја застрелал жената а потоа сам си пресудил. Кога пристигнала полиијата на местото на настанот, жената се уште давала знаци на живот, но починала на пат кон болницата во Чачак.
Таа имала прострелна рана во стомакот, додека мажот, си пукал во главата.
14.07.2014 - 08:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа