За прв пат во Македонија - започна да се применува 3Д лапароскопска технологија
ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за прв пат денеска почна со примена на современата 3Д лапароскопска технологија.
Современата опрема е обезбедена со средства од сопствениот буџет и чини околу 4 ипол милиони денари.
-Драго ми е што добив прилика да дојдам во Скопје на оваа клиника и да покренеме некоја соработка. Веќе направивме една операција со оваа 3Д техника, кој е значаен чекор напред и овозможува не само тешки и понапредни опреации, туку и колегите кои доста добро почнаа со лапароскопијата побрзо да ја усовршат техниката и да го скратат времето на учење на минимум, бидејќи токму тој 3Д овозможува длабочина на видот и операција која може побрзо да се направи и подобро да се научи, истакна докторот од Словенија Леон Меглиќ.
Инаку, лапароскопската хирургија претставува златен стандард во решавање на најтешките гинеколошки проблеми кај жената.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа