Трагедија во Косово: Загинаа две лица при судир на два чамца во езерото Газивода
Две лица се удавија, а две други се водат како исчезнати при судир на два чамца во езерото Газивода во близина на Зубин Поток во северниот дел на Косово, соопшти денеска косовската полиција. Шефот на оперативната регионална дирекција на полицијата Митровица-Север, Миодраг Лекиќ инфромира дека во езерото Газивода досега се откриени две безживотни, а по уште две лица се трага.
Се уште не се поззнати причините за несреќата.
14.07.2014 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа