Во Велес голем интерес за владините мерки за самовработување

Во Бирото за вработување во Велес има голем интерес за сите мерки за самовработување што ги нуди Владата во соработка со надлежното Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, информира Валентина Костенова раководител на Бирото за вработување во Велес.

Во изјавата за МИА таа оценува дека на секој нов конкурс има се поголем број кандидати кои сакаат да си го решат своето вработување со самовработување, а со поволностите кои ги нуди Владата посебно на младите до 29 години, кои добиваат повеќе поволности за самите да започнат бизнис, со средства кои Владата им ги дава како грант или поволен крадит.

Стефанка Витевска од Бирото за вработување во Велес информира дека на конкурсот за самовработување со грант односно неповратни средства во износ од 185 илјади денари, за купување опрема за сопствен бизнис, годишно се пријавуваат во просек од 50 до 60 апликанти. На првиот годинашен конкурс од јануари годинава, информира таа, се пријавиле 60 апликанти, а од нив одобрени им се кредити на 20 лица.

- Овие лица сега се во фаза на регистрација на фирмите за започнување на сопствен бизнис, а тоа се воглавно фризери,козметичари,но и земјоделци, цвеќари, а на последниот конкурс од мај годинава имавме и адвокати и општи лекари и лекари стоматолози на кои им се одобрени средства за започнување на сопствен бизнис, потенцира Витевска.

Витевска информира дека има голем интерес и за самоврабитување со кредитирање, за што апликантите добиваат 3 илјади евра со една година грејс перидиод и 2 годишна рата на отплата со минимална камата од 1 процент. И за оваа мерка на Владата, посочува, има голем интерес и до 60 апликанти годишно.

Во Бирото за вработување во Велес во тек е конкурсот за субвенционирање за социјално ранливи категории приматели на социјална помош, за што Владата ги финансира фирмите кои ќе вработат лица од оваа категорија, посебно млади до 29 години.

И за оваа мерка за самовработување на Владата, појаснува Витевска, интересот на велешани е голем.

14.07.2014 - 14:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега