Средба Иванов-Нуланд: Македонија и САД ќе го интензивираат стратешкото партнерство

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска оствари средба со  Викторија Нуланд, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави. 

Иванов истакна дека земјава останува целосно посветена на отворањето на пристапните преговори со Европската Унија и реализирање на поканата за членството во НАТО, и изрази очекување од американска поддршка и ангажман по однос на истите. 

-Евроатланските интеграции имаат голема кохезивна сила во нашето мултиетничко општество, и не случајно уживаат огромна политичка, етничка и социјална поддршка. Предолгиот статус кво во интеграциите не помагаат во унапредувањето на македонскиот модел на соживот, и од тој аспект за Република Македонија е исклучително значајна натамошна уште позасилена поддршка од Соединетите Американски Држави, истакна македонскиот претседател. Иванов истакна дека земјава останува целосно посветена на отворањето на пристапните преговори со Европската Унија и реализирање на поканата за членството во НАТО, и изрази очекување од американска поддршка и ангажман по однос на истите. 

-Република Македонија како и досега така и во наредниот период може да смета на силна поддршка од САД во реализацијата на поставените стратешки цели, истакна Нуланд.

14.07.2014 - 15:45
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега