Динкиќ: Србија не е пред банкрот

Србија не е пред банкрот, но може да се доведе во таа ситуација, доколку не бидат преземени одредени мерки, од кои некои се непопуларни, изјави денеска во Парламентот српскиот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ. 

На седницата на која се расправа за економската и социјалната ситуација во земјата, Динкиќ рече дека има доволно пари за редовно исплаќање на пензиите и парите во јавниот сектор, но прашање е како сето тоа ќе се усогласи во наредниот период.

Министерот итакна дека владејачката коалиција во текот на следните седум дена одржи консултации и ќе излезе со конкретен предлог. 

најчитано сега