Прв Центар за соработка на општините со бизнис заедницата
Во Центарот за развој на Скопскиот плански регион денеска ќе биде отворен првиот Регионален Центар за соработка со бизнис заедницата, кој го воспоставува Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП.
Вакви центри, кои треба да бидат точки за соработка на општините, планскиот регион и бизнис заедницата, ќе бидат отворени и во Источниот, Југозападниот и во Полошкиот плански регион.
Центарот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, а на настанот ќе присуствуваат градоначалниците на 17-те општини од Скопскиот плански регион, како и раководителот на Центарот за развој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа