Ја испратил сопругата на работа па се самоубил - уште еден хорор на Балканот
Уште една драма ја потресе Србија. 46-годишниот Горан Т. кој работел во српската фабрика за стакла, си го одзел животот откако заработил отказ.
Според податоците на српскиот Курир, Горан ја испратил својата сопруга на работа и се однесувал највообичаено, па така никој не се посомневал дека ќе посегне по сопствениот живот. На само неколку метри од него, во семејната куќа биле и неговата мајка и неговите дечиња. Тој земал пиштол и си пресудил ссамиот додека тие биле во куќата.
Соседите велат дека Горан не бил сиромашен. Велат дека неговата сопруга била вработена и имала добра плата, но многу го погодило тоа што и тој не може да придонесе за семејството.
Пиштолот со кој се убил го поседувал со дозвола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа