Меркел: Македонија мора да стане членка на НАТО и ЕУ

Нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за нас, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел пред учесниците на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ кој се одржува во Дубровник.

Меркел додала дека на некој начин, мора да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ.

ГЕрманската канцеларка, пренесува МИА, е оптимист дека може да се најде решение за тоа прашање.

- Мислам дека може и мора некако да го решиме тоа. Јас лично се вклучив во тоа и размислував за сите можни комбинации за името, но некогаш мислам дека не постои ништо повеќе што може да се измисли, истакнала Меркел.

Германија, потенцирала Меркел, е подготвена на конструктивна соработка за решавање на ова прашање, но додаде дека без компромис не се може.

- Во Германија велиме „компромис е кога сите вклучени се еднакво незадоволни“. Кај компромис не може да очекувате дека се ќе заврши со среќен крај за сите. Но, кога сите се еднакво незадоволни, тоа е фер компромис. Мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија, посочила германската канцеларка пред осумте лидери од Југоисточна Европа. 

15.07.2014 - 13:48
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега