Влегол и направил хаос - претепани двајца работници на Брзата помош
Работници на брза помош М.Џ. и Б.М. се сериозно повредени кога во недела наутро ги нападнал силеџија под дејство на алкохол, пренесува Блиц.рс.
-Во неделата околу три часот добивме повик дека на млад дечко, кој е под дејство на алкохол, во кафичот Гризли, му е потребна помош. Екипата отиде на терен и го затекна младиот како му крвари раката. Му помогнаа и го пренесоа на ортопедија. Потоа, младиот се враќаше неколку пати во брзата помош барајќи дополнителни интервенции. Во утринските часови, ја удри медицинската сестра М.Џ. по градите и и нанесе сериозни повреди. Кога колегата Б.М. се обиде да и помогне, тој го удри и него, рекла д-р Гордана Симич, раководител на брзата помош за српски Блиц.
М.Џ. има сериозни повреди на ребрата и градните коски, а Б.М. има хематоми на рацете. Двајцата дале изјава во понеделникот наутро.
-Вербалните напади на медицинските техничари и докторите станаа секојдневие, но нас не не загрижуваат физичките напади. Првата мерка ќе биде заклучување на двата влеза, така што пациентите ќе можат да го користат само главниот влез. За инцидентот ги известивме надлежните за да ни помогнат да ги заштитиме вработените. – кажува докторката на здравствен дом Весна Стевич Гајич.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа