Мега полицсика акција: Уапсени 96 лица претресени 1800 објекти
Бугарската криминалистичка полиција во две одвоени акции уапсила 96 лица поради дилање на дрога, шверц на акцизна роба и низа криминални активности.
Во првата акција, која била насочена против шверц на акцизна роба, уапсени се седум лица, и одземени се 11.935 пакувања цигари, 129 литри алкохол, 437 килограми тутун и 11 грама марихуана, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Целта на другата акција била разоткривање на дилери на дрога, крадци на возила и други криминалци.
Полицијата вкупно претресла 7.242 лица, повеќе од 4.000 автомобили, 1.812 угостителски објекти и 496 коцкарници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа